Во Давос, Швајцарија, каде се одржа Светскиот економски форум, кардиналот Турксон, екуменскиот патријарх Вартоломеј I, и главниот московски рабин Голдшмит, ги замолија владите во светот да ги користат новите технологии за општо добро, затоа што не постои друга планета каде што може да се живее.
Земјата плаче, а и сиромашните плачат. Ова е причината зошто верските водачи дојдоа во Давос да разговараат во срцето на големиот финансиски и економски свет и да ја стимулираат глобалната свест за промени – рече кардиналот Петер Турксон, префект на Дикастеријата за промовирање на целосен човечки развој, во својот говор, во присуство на Вселенскиот патријарх Вартоломеј I и главниот московски рабин Пинчас Голдшмит на конференцијата за печат која се одржа на 22 јануари како дел од Светскиот економски форум, кој заврши на 24 јануари.
Како што вели Папата во енцикликата Laudato si – објасни кардиналот Турксон – Ако земјата и сиромашните плачат, тие мора итно да се слушнат и сите мора да се обидеме да го запреме тоа плачење. Ние овде сме како гости на Светскиот економски форум, бидејќи сакаме да ја поттикнеме глобалната свест за промени. Новите технологии не смеат да одлучуваат за она за што сме повикани да станеме, туку мора да бидат искористени за општо добро, за доброто на човештвото, земјата и нејзините жители. Не постои друга планета на која може да се живее – предупреди кардинал Турксон, пред да побара од политичкиот свет и владите да ја признаат централната улога на религиите и верниците,осудувајќи ја проширената пракса, особено во секуларизираните земји, за потиснувањето на религиите во приватното подрачје, негирајќи го нивното влијание врз животот на луѓето.
Ватикан њуз/к.мк