Повеќе милиони верници се сообраа овој 9 јануари во филипинскиот главен град Манила на традиционалната процесија со статуата на Црниот Назареец
Уште во утринските часови се собраа повеќе од 2,4 милиони луѓе и под строги безбедносни мерки тргнаа од паркот Лунета на шест километри долг пат кој се поминува и по дваесет часа до базиликата, со дрвената статуа на Исус во реална големина, прикажан како клечи на едното колено под тежината на крстот. Статуата се смета за чудотворна затоа што останала неоштетена во пожарот кој избувнал на бродот кој ја донесува и што е најверојатно причина за црната боја. Таа процесија е централниот дел од повеќедневната прослава на која со години се собираат и до 20 милиони луѓе. Статуата на Филипините во 1606 година ја донесуваат шпанските мисионери августинци од Мексико, а денес се почитува во малата базилика „Црниот Назареец“ во манилскиот кварт Кијапо.
На надбискупот на Манила кардиналот Луис Тагле тоа му беше последен пат да ја предводи процесијата затоа што папата Фрањо го именува на чело на Конгрегацијата за евангелизација на народите и заминува во Рим. Тој на почетокот на славењето во паркот ги повика верниците да се молат за мир и безбедност на повеќето од десет илјади свои сограѓани кои се наоѓаат на работа на Блискиот исток. Заради порастот на тензиите помеѓу САД и Иран, филипинската влада ги повика своите граѓани кои работат во Ирак, Иран и Либан заради сопствена сигурност да ги напуштат тие земји. На Блискиот Исток работат повеќе од 1,2 милиони Филипинци, мнозинството од тие мигранти се жени вработени како помошнички во домаќинствата или за нега на болни.
Процесијата со Црниот Назареец се одржува три пати годишно – на Велики Петок, на Стара година и на 9 јануари во спомен на пренсот на статуата во базиликата во 1787 година. Братството Исус Назареецот кој ја промовираа оваа побожност е признато од папата Иноцент X во 1650 година.
Ватикан њуз/к.мк