Кардинал Тагле им се извинува на младите за светот кој возрасните им го оставаат во наследство
Надбискупот на Манила кардиналот Луис Антонио Тагле, претседател на Меѓународниот Каритас во божиќната порака им посака на сите Филипинци и на целото човештво, „а посебно на нашите сакани млади, да ја живеат и прифатат радоста и мирот на Детето Исус, Кој е чиста Божја љубов, нежност и љубезност.“
Истакнува дека Филипинската епископска конференција во контунитет со Епископската синода одржана во октомври во Ватикан, ја прогласи 2019 година за Година на младите. Од новите генерации, кардиналот Тагле побара да им простат на младите ако светот кој им го оставаат во наследство е затемнет од лаги, насилство, малверзации, пороци, алчност и корупција.
Се присетува и на 200 годишнина од песната „Тивка ноќ“, која прв пат е испеана во Австрија на Бадник во 1818 година. Повикувајќи се на англиската верзија на таа песна, кардиналот вели дека низ вековите тишината на некои ноќи станала злокобна. Имало ноќи на тишина во кои се направени злосторства и лоши дела. Луѓето кои страдаат и кои постојано се загрозени и прогонети живеат пак во тивки ноќи без крај, но тие ноќи не се свети. Наместо тоа Детето Исус ги претвора тмурните ноќи на тишината во свети ноќи, излевајќи го во нас светлото на чистата љубов, порачува надбискупот на Манила и претседател на Меѓународен Каритас.
Ватикан њуз/к.мк