На 17 ноември 2017 година при својата пасторална посета на Црквата во Македонија надбискупот митрополит врхбосански кардинал Винко Пулиќ во бискупската резиденција во Скопје. се сретна со амбасадорката на Босна и Херцеговина во Македонија Лепа Бабиќ
Со кардиналот Пулиќ на средбата присуствуваа месниот бискуп монс. Киро Стојанов и генералниот викар на врхбосанската надбискупија монс. Лука Туњиќ.
Амбасадорката Бабиќ го запозна кардиналот Пулиќ за соработката и постигнатиот договор помеѓу двете држави, како и и за оние кои се во процес, а ќе отворат нови патишта за соработка на подрачјето на туризмот, културата, образованието и економијата. Ја спомна иницијативата која е покрената помеѓу Босна и Херцеговина, Македонија и Црна Гора за отварање на воздушна линија Скопје – Подгорица – Сараево. Амбасадорката исто така го извести кардиналот дека на 14 ноември 2017 година градоначалниците на Скопје и Сарајево потпишаа договор за збратимување на градот Сараево и градот Скопје. Кардиналот и амбасадорката истот ака разменија мислења за актуелните случувања во земјава.
к.мк/д.д.т.