Кардинал Паролин ја предводеше Светата Бројаница за здравје на Папата

Кардинал Паролин ја предводеше Светата Бројаница за здравје на Папата

Млади луѓе, семејства, свештеници, монахињи, кардинали кои живеат во Рим, раководители на дикастерии и членови на Римската курија се собраа на плоштадот Свети Петар, во понеделникот вечерта, на 24 февруари 2025 година, на десеттиот ден од хоспитализацијата на Папата во поликлиниката Гемели, на молитва Света Бројаница за неговото здравје, која ја предводеше државниот секретар

Во својата воведна молитва, кардиналот Паролин истакна дека во Делата на светите апостолите се вели дека Црквата интензивно се молела за Петар додека бил во затвор. „Веќе 2.000 години христијанскиот народ се моли за Папата кога ќе се најде во опасност или неизвесност“, продолжи тој, додавајќи дека истото е и „во овие денови откако папата Фрањо беше хоспитализиран во поликлиниката Гемели“.

Истакнувајќи дека за папата Фрањо веќе се моли поединечно и во заедниците ширум светот, а со молитвата Света Бројаница почнувајќи од оваа вечер на плоштадот Свети Петар, желбата е „да се обединиме во јавна молитва во неговата (на Папата) куќа“.

На крајот од воведната молитва, кардиналот Паролин го препорача Светиот Отец на застапништво и помош на Пресвета Богородица, со надеж дека таа ќе го придружува и ќе му помогне.

Следуваше молитвата Света Бројаницата и пред секоја десетка се читаше по еден дел од Светото Писмо како размислување за радосните таинства.

По завршувањето на Светата Бројаницата, присутните ја испеаја Salve Regina и молеа Литанија до Пресвета Богородица.

На крајот Кардиналот Паролин ги благослови сите присутни.

Кардиналите кои живеат во Рим, со сите соработници на Римската курија и Римската бискупија, „прифаќајќи ги чувствата на Божјиот народ“ ќе се собираат секој ден во 21.00 часот на плоштадот Свети Петар за да молат Света Бројаница за здравје на Папата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот