Папскиот државен секретар, кардинал Паролин ја посети Призренско – приштинската бискупија.
На празникот Духовден, 9 мај 2019 година ја предводеше светата Литургија во новата црква во Приштина, посветена на света Мајка Тереза, а потоа замина во Призрен, каде ја посвети обновената катедралата Марија, Помошничка на христијаните.
На 10 јуни 2019 година Папскиот државен секретар, кардинал Паролин ја заврши пасторалната посета на Косово, која ја започна во сабота по покана на призренско – приштинскиот бискуп, монс. Дод Џерџи. Тоа е знак на внимание од страна на Светиот Престол и поттик за косовската католичка заедница, која сака да го дава својот придонес во взаемното разбирање меѓу народите и религиите.
На последниот ден од посетата кардинал Паролин се сретна со цивилните власти, а посетата ја заврши со средба со свештениците, монасите, монахињите, вероучителите и парохиските соработници во Призренско – приштинската бискупија.
Ватикан њуз/к.мк