Во попладневните часови на 22 август 2021 година Н.Е. кардинал Винко Пуљиќ, во придружба на Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, претседател на Македонски Каритас, оствари средба со директорот Паво Шекерија и персоналот на Каритас, во седиштето на Македонски Каритас во Скопје.
Во срдечна и пријатна атмосфера, директорот Шекерија го информираше и одблиску го запозна кардиналот за моменталните проектни активности кои ги имплементира Македонски Каритас, како и за идните планирани активности кои се во фокусот на Каритас. Од своја страна вработените во Македонски Каритас споделија свои лични искуства од работата на терен помеѓу корисниците на Каритас, како и со секојдневните предизвици со кои се соочуваат.
Кардинал Пуљиќ се заблагодари на директорот Шекерија за поканата и обраќајќи се до присутните ги охрабри дека треба да се бараат иновативни начини на делување, за да бидеме отворени за луѓето во потреба, за љубовта Христова да биде делотворна и да допре до нив.
к.мк