Кардинал Бо: Папата да се сретне со сите верски водачи во Мјанмар

Кардинал Бо: Папата да се сретне со сите верски водачи во Мјанмар

На 27 ноември 2017 година, папата Фрањо ќе слета во Јангон, и ќе ја започне своја посета на Мјанмар.

На 29 ноември 2017 година, во паркот Кијаикасан, Папата ќе се сретне со малата католичка заедница, околу 700 илјади од 51 милион население, а потоа ќе се сретне со младите и епископите во катедралата Света Марија. Очите на светот ќе бидат свртени кон неговите средби со претседателот на Републиката Хтин Кјав и државната советничка и министерка за надворешни работи Аунг Сан Су Ки, која во 1991 година доби Нобелова награда за мир.

Надбискупот на Јангон, кардинал (Чарлс Маунг) Бо, ќе се сретна со Светиот Отец на 18 ноември 2017 година во Ватикан, за Радио Ватикан изјави дека после демократските промени во Мјанмар и слободните избори пред две години, со кои формално е прекинат воениот режим е постигнат напредок во јавната управа, во образованието и во животниот стандард, но војската и понатаму контролира поголем дел од територијата и сѐ уште е многу моќна. Па, и порај бројните достигнувања – рече кардиналот Бо – гледаме дека нашата демократија сѐ уште е во рана фаза и многу кревка.

Религиите можат да ја има главната улога во моралната обнова на земјата – истакна кардиналот и потврди дека во Мјанмар нема конфликти или потешкотии со будистите, муслиманите или другите христијани. Кога веста на Папата се рашири по целата земја, кардинал Бо рече дека тогаш католиците слушнаа негативни коментари од страна на будистичките монаси и екстремисти, кои се променија и сега, на крајот изгледа дека се склони на посетата на Светиот Отец.

За време на средбата – изјави кардинал Бо – го замоли папата Фрањо, иако не е во програмата предвидено, приватно да се сретне со некои верски лидери, претставници на различни религии: будисти, муслимани, хиндуси, христијани, сите заедно. Не за да покаже колку до сега направил, туку само да влезе во дијалог со нив. Можеби ќе успее да ги омекне нивните срца – изрази надеж кардиналот и додаде дека тоа би можело да биде првиот чекор кон мирот.

Мјанмар сѐ уште е обележан со бројни конфликти и насилство меѓу војските кои владата не може да ги контролира – извести кардинал Бо и истакна дека тие ги загрозуваат различните етнички и верски групи, како што се христијаните во државата Качин и муслиманите Рохинџи во Ракајн. Рохинџите во 1982 година побегнале кога бурманскиот воен режим им го одзема државјанството. Од крајот на август па до денес повеќе од 600 илјади Рохинџи муслимани побегнале во Бангладеш. Во бегството од насилството на бурманската војска им помогна Заедницата на свети Егидиј и тоа со лекови, медицинска опрема и храна. (…)

РВ/к.мк

 

Категорија: Вести, Свет

За авторот