Најголемата религија на современиот човек е егоизмот. Олтарите за славење на оваа религија се местата на потрошувачката… во кои човекот настојува да го задоволи своето лажно „јас“.
Тоа „јас“ кое зборува дека облеката го прави човекот и по секоја цена морам да носам брендирана облека, инаку не вредам ништо во очите на другите (и во своите очи); тоа „јас“ кое зборува дека мораш да изгледаш успешно и да бидеш успешен во излегувањата во најпознатите ресторани и ексклузивни барови и тогаш ќе бидеш среќен; тоа „јас“ кое истакнува дека мораш секогаш да бидеш во мода и со супер фризура, младешки изглед (затоа постојат козметички операции и третмани), мораш да возиш добар автомобил инаку луѓето ќе те исмејуваат… а сето тоа да го имаш мораш да имаш одлична работа за која ќе се жртвуваш – затоа што така ќе стекнеш доволно пари за да ја купиш среќата – среќата е во парите и убавината – тоа го гледаш и на телевизија, на модните ревии итн. Потрошувачкото опкружување толку многу се вовлекло во нас што дури ниту егоизмот не е тоа што некогаш бил. Знаеме ли денес навистина кои сме?
Размислуваме ли на одреден начин затоа што тоа сме го земале од телевизорот или тоа е вистинското наше мислење… Ни треба ли одреден производ затоа што сме ја виделе неговата реклама или затоа што навистина ни е неопходен… и дали ни е навистина неопходен?
Не треба да се должи околу тоа – сите ние оваа ситуација премногу добро ја познаваме – можеби е само време да се запрашаме – какви олтари градиме во своето срца, во своите начини на размислување и делување во секојдневието? Дали тие се олтари на современото потрошувачко опкружување кое нѐ принудува да бидеме робови самите на себе и од незадоволството кое произлегува од тоа па да ги поробуваме другите или пак тоа се олтари на кои со своите молитви, искрено искажани во срцето, со своите размислувања, ставови и карактер го СЛАВИМЕ БОГА ?
Апостол Павле рекол: Во името на Христос ве заколнувам, помирете се со Бога! Сѐ што поседуваме, знаеме, користиме, нашето образование, школување, работа, пријателство, сето тоа стои и паѓа пред прашањето – КАКОВ ОЛТАР СО ТОА ГРАДИШ ВО СВОЕТО СРЦЕ? Кому му дозволуваш одвнатре да те води, кому внатрешно му се поклонуваш, кому всушност му веруваш? Која е смислата на твојот живот? Тоа се основни прашања! Даровите кои сме ги примиле преку големото таинство на Црквата често ги фрламе настрана,а во себе градиме некои други олтари со кои се измачуваме самите себе, но и другите! Нека Светиот Дух кои сме го примиле нѐ ослободи и ни даде сила во своето срце да подигнеме Божји олтар, како Мојсеја кој направил олтар со дванаесет надгробни плочи, со кој ќе го зголеми приносот од мене кон Бог, и на кој Бог со наклонетост ќе гледа како кон жртвата на Авел! Бог да ве благослови!
дон Филип Павловиќ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк