И денес христијаните се жртви на луѓе кои го мразат Христос
Мачеништвото за христијаните не е работа на минатото и денес има многу маченици, жртви на „луѓето кои го мразат Исус Христос“ – истакна папата Фрањо во проповедта на светата Литургија на 6 февруари во домот Света Марта, размислувајќи за животот и смртта на свети Иван Крстител. Неговиот лик е слика на силните болки на многу христијани кои денес се злоупотребуваат и прогонуваат затоа што го навестуваат Бог Кој другите го мразат – објасни Папата.
Свети Иван Крстител никогаш не го издаде своето звање: свесен дека неговата должност била само да го навести доаѓањето на Месијата. Знаел дека тој е „само глас“ бидејќи Некој друг „беше Словото“. Иван го завршил животот како Господ, маченички – истакна Папата, додавајќи: „Најголем меѓу родените од жена“ во затворот станува многу мал: прво доживува „темна ноќ на душата“ кога се сомнева дали е Исус оној чие доаѓање го навестувал, а потоа умира по наредба на царот кој што Иван истовремено го збунувал и воодушевувал. „На крајот, после тоа прочистување, после непрекинатото слегување во откажувањето, подготвувајќи го патот Исусов со самодарување го завршува својот живот“ – рече Папата.
„Збунетиот цар станува способен да одлучува, но не затоа што неговото срце се обратило, туку затоа што го охрабрило виното. Така животот на свети Иван завршува под власта на еден централен пијан и расипан цар: заради каприц на една танчерка и заради омраза и осветата на една прељубница. Така завршува големиот Иван, најголем меѓу родените од жена“ – кажа Светиот Отец.
Кога го читам тој дел (од Евангелието) – продолжи папата Фрањо – признавам дека ме трогнува и секогаш помислувам на две работи: прво, на нашите маченици – на мачениците на нашето време кои се прогонуваат, мразат, истеруваат од нивните домови, се мачат и масакрираат. Тоа не е некаква работа на минатото: тоа се случува и денес; тоа се нашите маченици чии животи завршуваат под нечесната власт на луѓето кои го мразат Исус Христос. Би било добро да размислиме за нашите маченици. Денес се потсетуваме на Павле Микиј но неговото мачеништво се случило во XVI век. Да ги имаме на ум и мачениците на денешницата; од 2015 година! – поттикна Папата. Од друга страна Ивановото постојано намалување „се до ништожност“ го поттикна Папата да размислува за тоа дека сите сме на патот во земјата каде што на крајот и ќе завршиме. И јас ќе завршам – сите ќе завршиме – рече Папата, истакнувајќи дека никој не може да си „купи живот“. Сакале или не сакале сите сме на патот кон поништување на животот, а тоа – барем мене – ме поттикнува на молитва за тоа поништување да биде повеќе слично на Исус Христос и Неговото поништување – рече на крајот папата Фрањо.
РВ/Д.И.