Папата Фрањо во саботата на 8 мај го именува монс. Алдо Џордано за нов апостолски нунциј на Светиот Престол при Европската Унија. Пред ова именување, монс. Џордано беше нуциј во Венецуела.
Веста ја објави Канцеларијата за печат на Светиот Престол, а монс. Џордано после седум години делување во Латинска Америка ќе се врати во Европа каде порано бил Генерален секретар на Советот на европските епископски конференции и постојан набљудувач на Светиот Престол при Советот на Европа во Стразбур.
Во интервју за агенцијата SIR непосредно по именувањето монс. Џордано изјави дека чувствува голема радост заради враќањето „дома“ и можноста да продолжи да служи во големиот и комплициран процес на обединување на континентот, но и стравот дека ќе се најде во променета Европа, со оглед на моменталните ритми на историјата.
„Мојата прва обврска ќе биде да се обидам да ја сфатам новонастанатата ситуација“, порача монс. Џордано, новоименуваниот апостолски нунциј при Европската Унија.
Ватикан њуз/к.мк