Илијас Кан: Не пристапив случајно во Католичката црква

Илијас Кан е познат англиски филантроп, сопственик на фудбалски клуб и претседател на најголемата светска организација за поддршка на помалку способните.

„Воспитувањето до четвртата година на големо ја означи мојата вера. Мојата мајка беше тешко болна, затоа за мене се грижеше мојата баба, која беше практична католикиња, значи задоен сум со христијанскиот дух – пишува Кан и додава: Од четвртата па сѐ до 17 година бев воспитуван и живеев како муслиман. Кога се запишав на универзитетот, Провидноста сакаше да престојувам во студентскиот дом на „Опус Деи“, тврди Кан, истакнувајќи дека во тој период се приближил кон духовноста и кон католичката вера.

„Не можам да тврдам дека случајно пристапив во католичката вера, навистина во седумнаесеттата и осумнаесеттата година ги открив ликовите како Ханс Урс Фон Балтазар, и од тогаш секогаш читав теолошка литература и се сретнав со делата на свети Августин и Ориген“, пишува Кан.

Тие читања оставија длабок белег и внатрешна промена во него, па веќе тогаш сакал јавно да зборува за својата вера, меѓутоа му пречел стравот дека ќе ги разжалости родителите. „Клучен момент“, потсетува Кан, „беше порастот на свеста за мојот живот и моите морални темели. Со сета душа сакав да го напуштам исламот, ама на крај Исус го направи своето“, раскажува Кан. „Одлучувачки беше тоа што во текот на престојот во Хонгконг, кога имав 25 години, секојдневно го живеев животот на Црквата. Токму тука, во кинеската црква на свети Јосиф, го прегрнав христијанството, од тогаш никогаш не сум посомневал дека сум католик“, потврди Кхан. Но тоа што стави траен белег на неговата вера, како вели Кан, беше посетата на базиликата Свети Петар во Ватикан.

„Се шетав во базиликата и се сеќавам дека не сакајќи застанав пред делото на Микеланџело – Пиета. Гледајќи го погледот на Богородица вперен во лицето на Синот, илјада прашања навалија во мојата глава. Тогаш си реков во себе: „Ова е Бог, не може да не биде Бог“. Да се каже во исламот дека Бог се овоплоти е голем ерес, ама во тој момент исчезнаа сите мои сомнежи. Убавината и зрачењето на тој спектакл направија пресврт во мене“, пишува Кан.

Кановото сведоштво е важно. Од една страна е охрабрување за сите кои се сомневаат или се плашат од вистината за своето верување, од друга страна предизвика и негативни реакции кои се претворија во директни закани со омраза и смрт. И покрај тоа, Кан не се плаши да зборува за својата вера и за убавината на христијанството. Денеска во Велика Британија го сметаат за најважниот преобратеник на католичката вера – пренесува агенцијата Зенит.

Превод: С.С.

Категорија: Сведоштва

За авторот