Во попладневните часови во понеделник, 11 септември 2017 година во бискупската резиденција во Скопје започнаа годишните духовни вежби за свештеници. Водител на Духовните вежби е отец Јаков Кајиниќ, духовник во Богословијата во Сараево. Заедно со својот бискуп Н.В.П. д-р Киро Стојанов на духовните вежби се присутни скоро сите свештеници од Скопска бискупија и Апостолскиот егзархат во Македонија. Тема на размислувањата е „Словото Христово во нашиот живот“.
Духовните вежби за свештениците од Апостолскиот егзархат во Македонија и Скопска бискупија ќе завршат во четврток 14 септември 2017 година.
к.мк