Епископот Стојанов служеше божиќна света Литургија во Струмица

Епископот Стојанов служеше божиќна света Литургија во Струмица

На празникот Рождество Христово – Божиќ, 7 јануари 2021 година Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов служеше света архиерејска света Литургија во катедралата „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица. Светата Литургија започна со процесија на која епископот Стојанов го положи Богомладенецот во витлеемската пештера, како видлив симбол на Рождеството Христово.

Честитајќи го празникот на присутните верници епископот Стојанов во својата проповед се осврна на настанот на Рождеството Христово преку кој се остварува помирување и повторна близина помеѓу Бог и човекот, а во продолжение ја истакна возвишеноста и карактеристиките на христијанскиот брак.

За време на светата Литургија пееше Катедралниот хор, а Радио Марија вршеше директен пренос.

Поради специфичноста на ситуацијата со коронавирусот полноќната светата Литургија изостана, а на самиот ден се служеше согласно мерките за спречување на ширење на вирусот.

к.мк

Категорија: Македонија

За авторот