Епископот Стојанов се потпиша во Книгата на жалост отворена во амбасадата на Србија во Скопје

Епископот Стојанов се потпиша во Книгата на жалост отворена во амбасадата на Србија во Скопје

Во недела 3 ноември 2024 година Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов придружуван од бискупскиот канцелар протојереј ставрофор отец Марјан Ристов во просториите на амбасадата на Република Србија во Скопје се потпиша во Книгата на жалост, по повод трагичната несреќа во Нови Сад.

Изразувајќи сочуство епископот Стојанов напиша: Од името на Католичката црква во Македонија и од мое лично име изразувам длабоко молитвено сочувство до семејствата и ожалостените по повод трагично загинатите на Железничката станица во Нови Сад.

Го молам Семоќниот Господ Бог да им удели радост во Небесното царство, а на ожалостените утеха и мир во душата.

Нека почиваат во мир!

Во несреќата што се случи во петокот на 1 ноември на Железничката станица во Нови Сад животот го загубија 14 лица, меѓу кои и едно лице од Македонија.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот