Епископот Стојанов на програмата на Радио Марија ќе моли Света Бројаница за здравје на папата Фрањо

Вечерва, 25 февруари 2025 година, во 21.00 часот Н.В.П. монсињор д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко-скопски епарх на програмата на Радио Марија ќе ја предводи Светата Бројаница за здравје на папата Фрањо.
по повикот од 20 февруари 2025 година упатен од епископот Стојанов за молитва за здравје на папата Фрањо и со благослов и поттик од владиката, од 24 февруари 2025 година секој ден во 21.00 часот на програмата на Радио Марија ќе се моли света Бројаница за здравје на Светиот Отец. Со тоа Црквата во Македонија се соединува во молитва со присутните верници на плоштадот Свети Петар во Рим и Црквата во светот.
Радио Марија може да се слуша на фреквенцијата во Струмица 106,50 MHz и преку интернет на www.radiomarija.mk
к.мк