Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх, монсињор д-р Киро Стојанов, во својата резиденција на Водно, во петок 22 мај 2026 година, ја прими во проштална посета Мартина-Бети Шуштершич од Марииното дело – Фоколарини, која беше придружувана од своите сосестри, Бригита, Анита и Катица.
На средбата епископот Стојанов го истакна нејзиното верно и несебично служење на Црквата во Македонија и упати благодарност за нејзиното служење на болните и возрасните лица, како медицинско лице, но и како член на Катедралниот волонтерски хор при парохијата Пресвето Срце Исусово во Скопје. Воедно ја нагласи важноста на мисијата на Марииното дело во духот на екуменизмот и меѓурелигискиот однос. Своето послание во Македонија го започна во 2017 година.
Епископот Стојанов ѝ посака Божји благослов во нејзиното понатамошно служење и ја довери на застапништвото на Пресвета Богородица.
Непроценлива е мисијата на Марииното дело, кое во Македонија дејствува од 80-ти години од минатиот век, а во 2007 година отворија и женски фоколар во Скопје.
к.мк

