Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов по покана на „Црква во неволја“ од 28 февруари до 3 март 2024 година ќе престојува во Швајцарија, каде што ќе оствари средби со претставници и поддржувачи на ова Папско дело.
Во организација на „Црква во неволја“ епископот Стојанов на повеќе панел дискусии ќе ги запознае присутните со животот на Црквата во Македонија.