Папата Фрањо ги поздрави членовите на Меѓууниверзитетскиот конгрес „Лаудато си“ и ја истакна важноста од промовирање на социјалната свест за грижата за нашиот заеднички дом.
Папата Фрањо испрати поздрави до членовите на Меѓууниверзитетскиот конгрес „Лаудато си“, кој треба да се одржи од 1 до 4 септември во Аргентина.
Во видео пораката упатена на шпански, тој изрази надеж дека иницијативата „ќе ја унапреди социјалната свест и свесност“ за грижата за нашиот заеднички дом.
Енцикликата „Лаудато си „не е само „зелена“ енциклика, туку е и „социјална енциклика“, рече Папата, надевајќи се дека Конгресот ќе помогне нејзиниот опсег и ефекти да станат повидливи.
На крајот побара да се молат за него, а потоа Папата ги благослови учесниците на Конгресот.
Конгресот „Лаудато си“
Конгресот е организиран од Националниот меѓууниверзитетски совет (CIN) и Советот на ректори на приватни универзитети (CRUP), во поврзаност со Бискупската конференција на Аргентина (CEA) по повод шестата годишнина од енцикликата „Лаудато си“.
Конференциите, разговорите и другите активности, на темата „Грижа за заедничкиот дом“, ќе промовираат дијалог за некои од главните теми на енцикликата од 2015 година, вклучувајќи го братството, личното достоинство, меѓукултурниот дијалог, животната средина и целосниот развојот на луѓето, меѓу другото.
На конгресот ќе учествуваат национални и меѓународни експерти кои ќе ја споделат својата експертиза за мултидимензионалната сложеност на различните теми со цел да се поттикне дијалог за заедничко дејствување во иднина.
Конгресот на „Лаудато си“ ќе биде достапен виртуелно со цел да го олесни учеството од целата земја.
За повеќе информации, можете да ја посетите веб-страницата, на шпански, на Меѓууниверзитетскиот конгрес „Лаудато си“.
Ватикан њуз/к.мк