Во рамки на Папскиот ден во петок 29 март 2019 година во парохиската црква „Раѓање на свети Иван Крстител“ – Струмица се одржа Евхаристиско обожавање: Шест часа со Исус, а во соработка со Радио Марија – Благовест.
Обожавањето започне во 12.00 часот со изложување на Светата Причест, а заврши со благослов и светата Литургија. Целиот период во црквата се молеше, се читаа делови од Свето Писмо, се размислуваше и молеше во тишина.
На влезот од црквата беше поставена кутија во која верниците ги напишаа анонимно своите молитвени накани, кои беа принесени на олтарот за време на светата Литургија.
По Литургијата следуваше Крстен пат, а веднаш потоа о. Гоце Костов одржа Катехеза на тема: Една, света, католичка и апостолска Црква.
Ова Евхаристиско обожавње се совпадна со повикот на Папата за учество во молитвената иницијатива „24 часа за Господ“.
к.мк