Со благослов на Неговото Високо Преосвештенство монсињор д-р Киро Стојанов, за потребите на Струмичко-скопската епархија пуштена е во функција мобилната апликација Католички календар 2026 за корисниците на Android уреди и може бесплатно да се преземе преку платформата Google Play.
Апликацијата ја изработи Филип Костов. Целта на ова дигитално решение е верниците да имаат полесен пристап до литургискиот црковен календар, празниците и литургиската годината. Станува збор за прва верзија на апликацијата, која во иднина треба да се надополни и да се унапреди со нови содржини и функционалности.
На овој начин Католичката црква во Македонија ja унапредува својата присутност преку дигитални средства, настојувајќи да одговори на потребите на верниците.
Скенирај го кодот и инсталирај го Католичкиот календар 2026

к.мк

