Документарниот филм „Папата Фрањо – човек од збор“ доаѓа во кината во САД

Документарниот филм „Папата Фрањо – човек од збор“ доаѓа во кината во САД

По светската премира на фестивалот во Кан филмот во петок, на 18 мај 2018 година, тргнува во дистрибуција во САД.

„Папата Фрањо – човек од збор“ документарниот филм на познатиот германски филмски продуцент Вим Вендерс и продуцентската куќа Фокус Фјучарс за римскиот епископ оваа недела ја доживеа својата светска премиера на филмскиот фестивал во Кан, од каде тргнува кон кината во САД, а станува збор за прв таков филмски приказ на Петровиот наследник во чие снимање тој директно учествуваше.

Идејата за филмот се родила по разговорот помеѓу монс. Дарио Вигано тогашен префект на ватиканскиот Секретаријат за комуникација (кој во меѓувреме си поднесе оставка) и германскиот режисер. Префeктот му предложува на Вендер да направи документарец кој на светот ќе му ја пренесе духовноста и карактерот на сегашниот Папа. Притоа Вендерс добил слобода сам да состави филмски концепт кој ќе го направи тоа на најдобар можен начин, а му е ветено дека на располагање ќе му биде и ватиканската филмска архива.

Вендерс угледен и наградуван германски режисер подоцна ќе раскаже како веднаш се согласил.

Она што следувало било снимање на вкупнo четири долги разговори со Папата, во кои одговорал на бројни прашања.

„По секое снимање имав впечаток на отвореност и непосредност со кои Папата одговораше на сите прашања. Имавме четири долги снимања, а после секое од нив тој имаше време да се ракува со сите членови на екипата и притоа не правеше никакви разлики меѓу луѓето – дали се продуценти или помошен персонал,“ раскажува германскиот режисер за Радио Ватикан.

Вендерс е роден во католичко семејство, но подоцна станува протестант. Себе се опишува како „христијанин кој посетува разни цркви и се восхитува на теолозите.“ Папата Фрањо го опиша како „човек кој го живее тоа што го проповеда“ и вели дека и пред снимањето на филмот многу го ценел.

„Откако го сретнав и ги прочитав или прегледав неговите бројни говори кој ги одржал за време на пасторалните посети во целиот свет сфатив колку е храбар. И тоа е мојата желба за него: никогаш да не ја загуби својата храброст… Секој пат кога ќе го напуштеше местото на снимање ќе кажеше: „Молете се за мене!“ И искрено тоа го бараше. Таа е мојата втора желба за него: да го носат молитвите на сите кои се молат за него,“ рече Вендерс и додаде дека првото прашање кое му го поставил на Папата било:

„Зошто за толку луѓе денес Бог повеќе не е нивна реалност?“

Освен на прашања од режисерот Папата одговорал и на прашања собрани од верниците од целиот свет.

Освен кадри во кои на тие праша одговара, филмот содржи и сцени од бројните патувања на Папата.

Битно.нет/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот