Господи, научи нѐ да контемплираме за Тебе во убавината на создаденото и разудинас благодарност и чувство на одговорност – напиша папата Фрањо во својата пораката на Твитер која ја објави на 1 септември по повод Светскиот ден на молитвата за грижа за создаденото.
Потсетуваме дека Светскиот ден на молитвата за грижа за создадениот свет по желба на Папата, во Католичката Црква се одбележува од 2015 година. Како што објасни Светиот Отец на 26 август 2015 година за време на Генералната аудиенција, станува збор за ден кога „во молитвено заедништво со нашите православни браќа и со сите луѓе со добра волја сакаме да пружиме свој придонес за надминување на еколошките кризи низ кои минува човештвото.
РВ/к.мк
Таг: Папа на твитер
Клучни зборови: папа Фрањо, твитер, порака, Светскиот ден на молитва за создаденото