Околу 40.000 делегати и 100 000 луѓе од целиот свет ќе земат учество на завршната света Литургија за Светска средба на семејствата, која ќе се одржи во август 2018 година, во Даблин.
Тие се предвидените бројки до овој момент за претстојниот светски настан, кои организаторите очекуваат да порасне ако биде потврдено присуството на Папата. Тоа го истакна на прес-конференцијата монс. Еман Мартин архиепископ на Арма и претседател на Епископската конференција на Ирска, на која го претстави направеното до овој момент во подготовката за средбата.
Воведната сесија за Светската средба ќе биде отворена на 21 август, а во неа ќе земе учеството Црквата во цела Ирска. Во секоја епархија истовремено ќе се одржат свечености за отворањето, како знак на волјата „да пристапиме до таа Светска средба не како изолиран настан, туку како можност за пастирска активност во нашите парохии и епархии,“ истакна монс. Мартин. „Задоволни сме што Папата ја избра Ирска како место за средбата, и веруваме дека тоа решение е негова лична желба, затоа што ние не сме предлагале Даблин да биде домаќин на средбата. Ете затоа сметаме дека папата Фрањо сам ја донел таа одлука.“
„Што се однесува до присуството на Папата, сè уште нема официјална потврда, рече монс. Мартин. Тоа што во моментот го знаеме е дека папата Фрањо сака да присуство, но тоа офијално не може да биде објавено од 5 или 6 месеци пред почетокот, можеби на пролет. Се разбира ако тој дојде се предвидува дека бројот на учесниците на средбата ќе се зголеми двојно. Ете, затоа планираме настан со голем број учесници.“
РВ/к.мк