Генерална аудиенција: Црквата останува отворена и покрај прогонствата

Генерална аудиенција: Црквата останува отворена и покрај прогонствата

Во центар на катехезата на папата Фрањо за време на Генералната аудиенција, во среда 15 јануари 2020 година, беше последниот дел од патувањето на свети Павле, кога пристигнува во Рим. Сликата на Црквата како „отворени куќи со целото срце во потрага, завршува серијата катехези за Делата на светите Апостоли, која папата Фрањо ја започна на 29 мај минатата година.

Словото Божјо е „незапирливо“, сака да трча како би се објавило на сите спасението – рече Папата за време на Генералната аудиенција во салата Павле Шести, зборувајќи пред 7.000 верници за навестувањето на Божјата љубов кон луѓето и за повикот на Црквата, но и да се охрабриме од својот дом да направиме простор за братство.

Делот од Делата на светите Апостоли за кој денес размислуваме зборува како свети Павле пристигнува во Рим, во срцето на царството. Му било дозволено во куќата да живее сам со војникот кој го чувал – рече Папата и додаде: Бил во куќа, но и покрај тоа што бил затвореник, ги примал оние кои му доаѓале во посета и кои сакале да го запознаат Христос. Немал слобода на движење, но бил слободен да зборува, затоа што зборот не е окован. Се работи за збор кој е подготвен да биде великодушно посеан од апостолот Павле.

Таа куќа, отворена со целото срце во потрага е слика за Црквата, која и покрај тоа што била прогонета, погрешно сфатена и окована, никогаш не се изморува со мајчинско срце да го прими секој маж и жена, како би им ја објавила љубовта на Отецот, која стана видлива преку Исус – рече Светиот Отец и додаде: Значи со доаѓањето на апостолот Павле во Рим, завршува проповедањето на Делата на светите апостоли, кои не завршуваат со мачеништвото на апостолот, туку со сеење на Божјото слово. Така евангелистот Лука го завршува своето проповедање, во кое се концентрира на патувањето на евангелието низ светот и го објасни динамизмот на Божјото слово

Имено, Павле имал можност да сретне угледни Евреи и во Евангелието гледа исполнување на Божјото ветување кое е дадено на избраниот народ, се трудел да ги увери во она што го зборувал за Исус – рече папата Фрањо во денешната катехеза со која ја заврши серијата катехези за Делата на светите Апостоли и истакна: После таа неслужбена средба следуваше онаа службената, преку која го навести Божјото Царство, но бидејќи сите не поверувале, го осуди тврдото срце на Божјиот народ и го слави спасението на народот кои биле чувствителни за Бог и способни да го слушнат евангелското слово.

Драги браќа и сестри, на крајот од ова патување кое го поминавме заедно, следејќи го патот на евангелието низ светото, Светиот Дух во секој од нас нека го оживее повикот да бидеме храбри и радосни навестители на евангелието. Нека нè направи способни, како свети Павле, да ги натопиме своите домови со евангелието и од нив да направиме простор за братство, каде што ќе го прифаќаме живиот Христос кој доаѓа во пресрет на секој човек и во секое време – рече на крајот Папата.

После катехезата, на крајот од Генералната аудиенција, Светиот Отец ги поздрави присутните верници и поклоници, а посебно младите, старите, болните и младенците и ги повика да ги отвориме своите срца за потребите на Црквата и според Исусовиот пример да бидеме блиски до браќата, градејќи праведен свет.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот