Од 15 до 21 јануари папата Фрањо ќе се упати на своето 22 меѓународно Апостолско потување, кое овој пат ќе го одведе во Чиле (15-18 јануари) и Перу (18-21 јануари). Папата Фрањо е вториот Папа, после свети Иван Павле II кој ќе ги посети тие две латиноамерикански држави.
Првата папска посета на Чиле е од 1 до 6 април 1987 година, кога свети Иван Павле II стапнува на чилеанска земја на својата 33 меѓународна апостолска посета. Најважни моменти од таа посета беа: Литургијата на 3 април во Сантијаго за беатификацијата на сестра Тереза де Лос Андес, од редот на босите кармелитки, и Литургијата за 500 годишнина од евангелизацијата на Америка, служена на 4 април во Пуерто Монт. Перу двапати е посетен од полскиот Папа: во 1985 година, со посетата на градовите Лима, Арекипа, Куско, Ајакучо, Пиура, Трухило, Ицикос и провинцијата Калао. Незаборавни од таа посета ќе останат моментит од крунисувањето на Дева Марија од Чапи, беатификацијата на сестра Ана де лос Анхелес Монтеагудо и ракополагањето на 47 семинаристи. Во 1988 година, свети Иван Павле II се враќа во Лима на неколку часови, по повод Евхаристискиот и Богородичниот конгрес на Боливиските земји и служеше света Литургија.
Чиле е држава лоцирана во југозападниот дел на Јужна Америка. Таа опфаќа долга и тесна површина меѓу Андите и Тихиот Океан. Се граничи со Перу на север, Боливија на североисток, Аргентина на исток, и Дрејков Премин на југ. Чиле е една од двете земји во Јужна Америка, која заедно со Еквадор, не граничи со Бразил. Вкупниот број на населението е 17.248.450 луѓе. (…)
Католичката црква има 5 архиепископии, 19 епархии, 960 парохии, 1 територијална прелатура, 1 апостолски викаријат, 1 воен ординаријат и една лична прелатура на Опус Деи. Бројот на епископите изнесува 50, свештениците се 2283. На територијата на државата има многу католички училишта. Официјални празници во земјата се Рождество Христовото Воскресение Христово, Безгрешно зачнување на Пресвета Богородица, Свети Петар и Павле, Успение и сите светци. Во моментот Католичката црква тесно соработува со другите вери во земјата.
РВ/к.мк