Во 2017 година се убиени 23 мисионери во светот

Во 2017 година се убиени 23 мисионери во светот

Според податоците објавени во извештајот кој на крајот од годината го подготви агенцијата Фидес, во 2017 година во светот се убиени 23 мисионери. Осум години по ред најголем број убиства се бележат во Америка, каде се убиени 11 пасторални работници (8 свештеници, 1 монах и 2 лаици); потоа Африка, каде се убиени 10 пасторални работници (4 свештеници, 1 монахиња и 5 лаици); во Азија се убиени 2 пасторални работници (1 свештеник и 1 лаик). Во периодот од 2000-2016 година според податоците на агенцијата Фидес, во светот се убиени 424 пасторални работници, меѓу кои и 5 бискупи.

Годишниот извештај на агенцијата Фидес настојува да ги забележи сите пасторални работници, кои умреле со насилна смрт, а не само директно од омраза кон верата. Поради тоа и не практикува да го користи терминот ‘martiri’, (маченици), освен во неговото етимолошко значење ‘сведоци’. Бројни пасторални работници се убиени во обиди за киднапирање или кражби, извршени на суров начин, во средини каде владее економско и културно сиромаштво, средини со морална деградација, каде насилството и угнетувањето станале правила за однесување, во потполн недостаток за почит кон животот и секое човечко право.

Кон привремениот годишен извештај на агенцијата Фидес треба уште да се додаде долгиот попис на оние за кои можеби никогаш нема ништо да се дознае, или можеби ниту името нема да им се знае, а кои во сите краишта од светот трпат и плаќаат со својот живот за верата во Христос.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот