Во сабота и недела, 25 и 26 јули 2026 година, во парохиската црква „Раѓање на Свети Иван Крстител“ во Струмица, со благослов на Н.В.П. монсињор д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко-скопски епарх, се одржа молитвен настан по повод Шестиот светски ден на бабите, дедовците и старите лица.
Настанот започна во сабота, во вечерните часови, со неделна Вечерна богослужба, која ја предводеше парохот отец Гоце Костов. По Вечерната, присутните баби, дедовци и стари лица, како и останатите присутни верници, примија помазание. По богослужбата, во парохиската сала беше организирано заедничко дружење, на кое бабите, дедовците и старите лица беа послужувани од младите верници.
Во недела, 26 јули, во парохиската црква беше служена света Литургија по повод Шестиот светски ден на бабите, дедовците и старите лица. Во проповедта парохот протојереј отец Гоце Костов ја истакна важноста на бабите, дедовците и старите лица за пренесувањето на верата, потсетувајќи ги присутните дека во секој човек постојат врежани спомени од нивните бабите и дедовците. Ги повика да искажат благодарноста на Бога за таквите моменти, а оние пак чии баби и дедовци се починати ги повика да се помолат за спасение на нивните души.
На крајот од светата Литургија на присутните им беше поделена пораката на папата Лав XVI за Шестиот светски ден на бабите, дедовците и старите лица.
к.мк

