На празникот Христос Цар во недела 21 ноември 2021 година во катедралата Свети Димитриј во Сремска Митровица, секретарот на Светиот Престол за односи со државите, надбискупот Пол Ричард Галагер, заедно со монс. Ѓуро Храниќ, надбискуп и митрополит Ѓаковско-осиечки и монс. Ѓуро Гашпаровиќ, бискуп Сремски, го хиротонисаа монс. Фабијан Свалина за коадјутор бискуп Сремски.
На светата Литургија сослужуваа 23 надбискупи и бискупи заедно со педесетина свештеници и тројца ѓакони, меѓу кои беа и Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. Киро Стојанов, придружуван од о. д-р Зоран И. Стојанов, декан на деканатот Свети Кирил и Методиј и парох во Радово.
Фото: ИКА/к.мк