На 21 април 2026 година, по повод првата годишнина од упкојуваањето на папата Фрањо, во базиликата „Света Марија Велика“ ќе се моли Света Бројаница и ќе се служи света Литургија, кои во живо ќе се пренесуваат на Vatican News и Vatican Radio, во спомен на починатиот папа. По повод годишнината ќе биде објавен и документарен филм посветен на животот на папата Фрањо.
Помина една година од смртта на папата Фрањо, кој почина во „Света Марија Велика“, на 21 април 2025 година, во 7:35 часот наутро. Пет дена подоцна се одржа неговиот погреб, а неговите посмртни останки, според неговата желба, оттогаш почиваат во богородичната базилика „Света Марија Велика“, која сега се подготвува свечено да ја одбележи годишнината од неговата смрт.
Програма
Базиликата соопшти дека одбележувањето ќе започне во 17:00 часот со Света Бројаницата во капелата Свети Павле, која папата Фрањо ја посетил десетици пати.
Потоа, од десната страна на капелата, ќе биде откриена спомен-плоча во чест на посебната врска меѓу папата Фрањо и иконата на Марија Salus Populi Romani.
Бронзената плоча носи латински натпис од 160 букви, изведен во две различни големини, на кој стои: „Фрањо, Врховен понтиф, кој 126 пати застана во побожна молитва пред иконата Salus Populi Romani; според својот тестамент, почива во оваа папска базилика.“
Пренос во живо
По Бројаницата, во 18:00 часот ќе се служи света Литургија, за време на која ќе биде прочитана пораката на папата Лав XIV, кој во моментот се наоѓа на своето апостолско патување во Африка. Прославата ќе биде пренесувана и на голем екран пред базиликата, на плоштадот „Света Марија Велика“, а ќе се емитува и преку Vatican News.
Ватикански документарец
По повод годишнината, ватиканските медиуми утре наутро ќе објават 26-минутен документарен филм, со титлови на италијански, англиски и шпански јазик, кој преку архивски снимки и симболични секвенци ќе го прикаже понтификатот на „Папата на милосрдието“ и „Папата на перифериите“, истакнувајќи ги неговите најпрепознатливи изрази и гестови.
Ватикан њуз/к.мк

