Во Радово се одржа духовна обнова за свештеници

Во Радово се одржа духовна обнова за свештеници

Во понеделник 3 април 2023 година во просториите на парохијата „Свети Пророк Илија“ во Радово се одржа духовна обнова за свештениците од Струмичко – скопската епархија, која ја предводеше Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов.

Духовната обнова започна со молење Шести час, а предавање одржа бисупот Стојанов на тема: Жртва – на што сме подготвени да жрвуваме во животот? осврнувајќи се на старозаветниот лик Јосиф.

Потоа следуваше Обожавање на светата Евхаристија со молење на радосното таинство на светата Бројница, света Исповед и света Литургија, на која проповедаше бискупот Стојанов. Духовната обнова заврши со заедничко агапе.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот