Во вторник 30 ноември 2021 година во просториите на парохијата „Свети пророк Илија“ во Радово се одржа духовна вежба за свештениците од Струмичко – скопската епархија, на која присуствуваше и Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх.
Духовната обнова започна со молитвата Шести час, а о. Зоран И. Стојанов го сподели своето размислување со пристуните на тема: Покајте се и верувајте на Евангелието. На крајот од размислувањето следуваше кратка дискусија, а владиката Стојанов се заблагодари на отец д-р Зоран И. Стојанов за размислувањето.
По духовното размислување свештениците имаа можност за света Исповед, по што следуваше света Литургија која ја предводеше епископот Стојанов. Духовната обнова заврши со заедничко агапе во парохиската сала.
к.мк