Во пресрет на 9. Светски ден на сиромашните парохијата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ Струмица со помош на лицата во потреба
Во пресрет на 9. Светски ден на сиромашните, кој Католичката црква оваа година ќе го одбележи на 16 ноември, парохијата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ – Струмица, овие денови преку Парохискиот Каритас и соработката со Македонски Каритас подели пакети со храна на лица и семејствата во потреба.
Ова беше овозможено со поддршката на Македонски Каритас и придонесот на верниците од парохијата, кои даруваат во „Кошницата за сиромашни“ поставена во црквата.
Парохискиот Каритас изразува благодарност за поддршката на Македонски Каритас, но и на сите добри луѓе кои со својот придонес помагаат на Црквата конкретно да покаже дека лицата во потреба се во срцето на Евангелието.
к.мк

