Во парохијата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ – Струмица одбележан денот на баби, дедовци и стари лица
Со света Литургија и дружење во парохиската сала во парохијата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ – Струмица во недела 23 јули 2023 година е одбележан 3. Светскиот ден на баби, дедовци и стари лица.
Отец Гоце Костов за време на проповедта истакна за важноста на Светскиот ден на баби, дедовци и стари лица, кој папата Фрањо го основа пред 3 години, цитирајќи делови од овогодинешната порака на папата Фрањо за овој ден, кој носи наслов, земен од Евангелието според Лука 1,50: „И милоста Негова е од колено на колено“. Понатаму ги повика верниците на овој ден да ги посетат бабите, дедовците и старите лица или пак да ги спомнат денес на посебен начин во нивните молитви доколку се починати.
Пред завршување на светата Литургија на присутните верници им беше поделена пораката на папата Фрањо за 3. Светскиот ден на баби, дедовци и стари лица, а потоа во парохиската сала „Света Мајка Тереза“ следуваше заедништво организрано од верниците и црковниот одбор.
к.мк