На 22 јануари во Панама започна Светскиот ден на млади кој ќе трае до 27 јануари
Неколку денови пред таа голема меѓународна средба, надбискупот на Панама Хозе Доминго Улоа Мендиета во едно интервју рече дека Црквата во Панама е жива, подготвена за разговор со оние кои се поинакви, знае да води екуменски и меѓуверски дијалог, таа е Црква во служба на сите и не исклучува никого.
На прашањето за подготовките за претстојниот настан надбискупот Хозе Доминго Улоа Мендиета рече дека тие најпрво биле подржани со молитва и со тоа проектот го ставиле во Господовите раце. Надбискупот истакна дека во текот на последните две години, секој 22 во месецот бил Ден на молитва за Светската средба на млади. Притоа објасни дека го избрале тој ден на кој во октовмри си спомнуваме на свети Иван Павле II, Папа кој ја започна таа средба. Надбискупот на Панама исто така рече дека им помагале и професионалци кои – според неговите зборови, процесот на подготовка ја организирале на многу методичен начин, што им овозможило да го следат секој чекор во различните ограноци на Организацискиот одбор.
Црква која излегува на периферијата, подготвена на дијалог
Папата во Панама ќе најде Црква која е млада и радосна, автентична, етнички и културно разновидна, која има жива вера и се ангажира во навестувањето на Евангелието – рече надбискупот и додаде: Црква која нема да ја изневери довербата која Папата ја даде на тој мал теснец за да организира единствен и историски настан како Светскиот ден на млади. Тоа е Црква која се вклопува со науката на папата Фрањо и навестува излегувајќи во потрага по оние кои се на периферијата. Таа води дијалог со оние кои се поинакви, но не се и далечни, и знае да води екуменски и меѓуверски дијалог. Тоа е Црква која им служи на сите и не исклучува никого.
Поттик за потрага по одговорите на животните прашања
На прашањето што очекува од претстојната средба надбискупот Улоа Мендиета рече, се надева дека од таа средба ќе имаат корист мнозинството млади во Средна Америка и на целиот американски континент. Исто така се надева дека младите на крајот ќе бидат поттикнати на потрага по одговорите за егзистенцијалните прашања кои ќе им помогнат во одредувањето на сопствениот животен проект. Оние кои не можат физички да бидат присутни ќе можат настаните да ги следат на различните комуникациски платформи.
Папата доаѓа за да ги зацврсти во верата
На сите момчиња и девојки кои ќе учествуваат на Светската средба на млади во Панама надбискупот Улоа Медиета им порачува да дозволат да ги помилува милосрдната љубов на небесниот Отец, на најдобар начин да ги искористат подготвителните катехези и зборовите на Папата кој доаѓа за да ги зацврсти во верата и за да им каже дека се потребни на Црквата и на општеството. На крајот им порача да имаат храброст да одговорат на Божјиот повик, со молитвената подршка на Црквата.
Ватикан њуз/к.мк