Во Нови Сад започна пленарното заседание на Меѓународната епископска конференција Свети Кирил и Методиј
Членовите на Меѓународната епископска конференција „Свети Кирил и Методи“, под претседателство на бискупот од Зрењанин, Ладислав Немет, претседател на конференцијата, на 5 јуни 2019 година во Нови Сад го започна 36. Редовно пленарно заседание
На пленарното заседание учествува и Скопскиот бискуп и епарх Струмичко – скопски, монс. д-р Киро Стојанов. Со епископите на заседанието е присутен и Апостолскиот нунциј во Република Србија, надбискупот Лучијано Суријани, во придружба на првиот советник во нунцијатурата монс. Филип Колнага.
Главни теми на заседанието се осврт на неодамнешната посета на папата Фрањо на Македонија, разгледување на препораките од неодамнешната средба на претседателите на епископските конференции со папата Фрањо во Рим и во светло на мото прориото на папата Фргањо, насловено Vos estis lux mundi.
Епископите од Србија потоа ќе разгледаат неколку аспекти од нацртот на новиот Граѓански законик, кој е во процедура, а ќе се осврнат и на работата на Каритас и ќе ги договорат деталите за средбата на млади во Сремска Миторвица, која ќе се одржи на 21 септември, како и организација и учество на Меѓународниот евхаристиски конгрес во Будимпешта 2020 година.
Во парохиската црква „Име Мариино“ во Нови Сад, епископите заедно со свештениците и народот ќе имаат света Литурија, која ќе ја предводи претседателот на Меѓународната епископска конференција, монс. Немет.