Во вторник 12 декември 2023 година во парохијата „Успение на Пресвета Богородица“ во Новаа Маала се одржа духовна обнова за свештениците од Скопска бискупија и Струмичко – Скопска епархија, на која присуствуваше и Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх.
Духовната обнова започна со молитвата Шести час од Часословот, а духовно размислување имаше отец Ванчо Назов, кој зборуваше на тема: „Непознатиот Христос – Учителе Каде живееш?“ според Евангелието од Иван 1,35-42.
Во рамки на духовната обнова свештениците заедно молеа Света Бројаница и имаа можност за света Исповед.
Светата Литургија ја предводеше Н.В.П. монс. Киро Стојанов, а проповедаше протојереј ставрофор отец Тома Ангелов, парох во Богданци и Стојаково.
Духовна обнова заврши со агапе во парохиската сала.
Ватикан њуз/к.мк