Во заедништво со папата Фрањо бискупот Стојанов го посвети човештвото на Безгрешното Срце на Марија
![Во заедништво со папата Фрањо бискупот Стојанов го посвети човештвото на Безгрешното Срце на Марија](https://katolici.mk/wp-content/uploads/2022/03/11765-800x500_c.jpg)
Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. Киро Стојанов на 25 март 2022 година од базиликата Свети Петар во Рим, во заедништво со папата Фрањо и бројни кардинал и бискупи од ширум светот го посвети целото човештво, посебно Русија и Украина, на Безгрешното Срце на Марија.
На свеченото посветување претходеше Покорничка богослужба, која ја предводеше Светиот Отец, по што следуваше посветувањето. Во својата хомилија Светиот Отец истакна: Ние самите не сме во состојба да ги разрешиме спротивставеностите во историјата, па дури и спротивставеноста на нашите срца. Потребна ни е мудра и кротка сила Божја, а тоа е Светиот Дух.
Истовремено во Католичките цркви во Македонија исто така се изврши овој свечен чин, а по повик на бискупот Стојанов да се придружат на повикот на Папата за посветување на целото човештво, посебно Русија и Украина, на Безгрешното Срце на Марија.
Ватикан њуз/к.мк