Во болницата Бамбино Џезу успешно разделени сијамски близнаци

Во болницата Бамбино Џезу успешно разделени сијамски близнаци

Папската детска болница Бамбино Џезу миинатата недела соопшти дека нејзините хирурзи на 7 октомври ова година успешно одвоиле 17 месечни сијамски близнаци од Алжир, кои биле поврзани во делот на градите и стомакот.

Во десетчасовната операција учествуваа пет тимa со четириесет лекари и асистенти. Специјалисите пред тоа направиле 3D – модели на малите пациенти за детално да се подготват за зафатот, со што се намали траењето на операцијата. Додаваме дека здравствената состојба на близнаците е добра.

Ова е првата хирушка поделба на сијамски близнаци по речиси 30 години, а следната е веќе закажана за неколку недели. Имено, двете девојчиња од Бурунди кои се поврзани во пределот на задникот, моментално чекаат операција. Бамбино Џезу спроведува вакви и слични операции во склоп на хуманитарната мисија, а за погодените семејства се бесплатни. Во 2016 година се направени околу 50 такви операции.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот