Во Богданци се одржа месечна духовна обнова за свештениците

Во Богданци се одржа месечна духовна обнова за свештениците

Месечната духовна обнова свештениците од Струмичко-скопската епархија ја одржаа во парохијата „Свети Кирил и Методиј“ во Богданци

На 8 април 2025 година во просториите на парохијата „Свети Кирил и Методиј“ во Богданци се одржа месечна духовна обнова за свештениците од Струмичко – скопската епархија, на која присуствуваше и Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх, Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов.

Духовната обнова започна со молитвата Шести час, а потоа следуваше духовно размислување врз основа на стихот од посланието на апостол Павле до Тит 1,15, кој гласи: „За чистите е сѐ чисто, а за осквернетите и неверните нема ништо чисто; ним им се осквернети и умот и совеста“

За време на духовната обнова свештениците заедно молеа Света Бројаница со медитации и имаа можност за света Исповед. Светата Литургија ја предводеше Н.В.П. монсињор д-р Киро Стојанов, а проповедаше отец Ристо Самарџиски.

Оваа духовна средба заврши со агапе и заедништво.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот