Албанската епископска конференција упати писмо до свештениците, монасите и монахињите и сите верници по повод 38 католици кои ќе бидат запишани во книгата на блажени на 5 ноември 2016 година во Скадар.
Многу сме му благодарни на Бог Кој оваа година нѐ исполни со голема радост кога преку папата Фрањо името на блажена Тереза е запишано меѓу имињата на црковните светци. Освен тоа Црквата за неколку денови во книгата на блажени ќе запише 38 католици кои пострадаа со маченичка смрт за време на мрачниот период на атеистичкиот комунизам – е истакнато во писмото на Албанската епископска конференција упатена до свештениците, монасите и монахињите и сите верници, а го пренесе агенцијата Сир.
Зборот маченик значи сведок – се толкува во писмото. Маченикот ја сведочи својата вера. Исус пак кажал: Нема поголема љубов од оваа да го положиш животот свој за своите пријатели. Мачеништвото е покажување на Христовата возвишена љубов. Во Скадар на 5 октомври 2016 година ќе се одржи обред за прогласување на блажени, а ќе го предводи Папскиот претставник кардинал Анџело Амато префект на Конгрегацијата за прогласување на светци – стои во писмото.
Комунизмот предизвика посебна омраза кон католиците
Комунизмот речиси половина век ја угнетуваше Албанија,а посебно омраза искажуваше кон католиците. (…)
Прогласување за блажени 38 маченици на 5 ноември
Албанската земја е натопена со крвта на мачениците, а ние денес се веселиме – истакнуваат епископите. Црквата на 5 ноември за блажени ќе прогласи 38 маченици убиени во тој мрачен период. Сите биле свештеници или клерици освен четворица лаици: девојчето Марија Туци која на суров начин е убиена затоа што била кандидатка за Дружбата на сестрите на светите стигми (Стигматини) и вероучителка и тројца мажи: Ќерим Садику, Гјелош Лулаш и Фран Миракај.
Меѓу новите блаженици и надбискупот на Драч
Меѓу 38 албански маченици кои ќе бидат прогласени за блажени е и последниот надбискуп на Драч Винценц Прендуши. Бил обвинет дека е непријател на народот, реакционер, ватикански шпион, а осуден на дваесет години затвор каде бил мачен, исмејуван и понижуван на разни начини сѐ до смрт – е истакнува во писмото.
На Црквата ѝ се потребни свештеници и монаси и монахињи
Драги браќа и сестри на Црквата ѝ е потребно вашето сведоштво. Црквата има потреба некои момчиња и девојки да се посветат на Господ во свештеничкиот и монашкиот живот. На општеството посебно денес му е потребно вашето сведоштво. Имајте ги пред очи примерот на нашите маченици. Нивните последни зборови биле: „Да живее Христос Цар! – пишуваат епископите додавајќи:
Да настојуваме да бидеме добри граѓани и беспрекорни во семејството, училиштето во своите животни околности исто така и во политиката. Покажете се силни во својата вера за светот преку нас да научи да го почитува човечкиот живот од зачнувањето до смртта и да се зазема за правдата која е темел на вистинскиот и трајниот мир. Во Скадар на 5 ноември во 10.00 часот го очекуваме вашето учество на славењето кога нашите маченици ќе бидат прогласени за блажени – поттикнаа епископите.
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк