Воведение на Пресвета Богородица во храмот

Воведение на Пресвета Богородица во храмот

Празникот „Воведение на Пресвета Богородица во храмот“ потекнува од византиската култура каде што бил многу популарен и се сметал за еден од поголемите празници посветени на Богородица. Датумот на празникот, 21 ноември (4 декември според јулијанскиот календар) кореспондира на денот од посветувањето на базиликата на Света Марија Нова во Ерусалим, изградена од епископот Илија и финансирана од импрераторот Јустинијан во 543 година; овој процес се развивал во Константинопол во 7-8 век сѐ до дефинитивното прифаќање од страна на папата Сикст V во 1585 година

Исто така и многу богатата иконографија укажува на важноста која Црквата ставила акцент на темата на Марија како целосно ветена на Бога уште од нејзиното детство, и исклучиво произлегува од апокрифните евангелија, особено од прото-евангелието на Јаков (3 век) и од Евангелието на Псевдо-Матеј 7-8 век), но се раширил пред сѐ во Средниот век преку златната Легенда на Јаков од Варагин (13 век). Други текстови, како референци, биле оние како од Максим Исповедник, кој го опишува Животот на Марија, но исто така и од свети Герман во Беседата за „Воведувањето на Пресвета Богородица“ и од химнописецот Георги во „Кондакот“ за „Воведувањето на Пресвета Богородица“.

Литургискиот спомен на „Воведувањето на Пресвета Богородица“ наоѓа корени и основа во еврејската традиција заради фактот, како сите евреи, исто така Јоаким и Ана ја довеле Марија како дете во храмот, за да ја прикажат на Господа, подарувајќи две грлици и два гулаба. Празникот потсетува исто така и на целиот период од раѓањето па сѐ до свршувачката со Јосиф и до Благовестувањето.

Славејќи го овој празник Црквата има намера да ја осветли тишината од првиот период на богородичниот живот и да ја претстави како храм за подготвување на нејзиниот повик како Божја Мајка. Според традицијата, таа во храмот живеела од 3 до 14 година од својот живот; сепак во уметноста се претставени само моментите од нејзиното влегување во храмот, односно Воведувањето, и од дефинитивното излегување после бракот со Јосиф.

Интересно е што уметниците ја прикажуваат Богородица речиси секогаш како една млада девојка, а не како дете од 3 години. Иконографијата е израз пред сѐ од седмата и осмата глава од прото-евангелието на Јаков и од златната Легенда: Марија секогаш е претставена на дното од скалилата или се искачува на една скала од 15 скалила, што одговара на бојот од псалмите (од 120 до 134 Псалм) кои биле пеени од Израелскиот народ кога поклоник се искачувал до Ерусалимскиот храм. И покрај кревката возраст, текстовите ја опишуваат како многу одлучна во нејзиното напредување, без да биде потпомогната од родителите и без да се свртува кон нив, на тој начин покажувајќи ја сопствената волја да му се предаде на Господа.

Литургиското славење кое датира од 6 век на Истокот и од 14 век на Западот, го нагласува првото целосно дарување кое Марија го направила самата, станувајќи модел на секоја душа која се посветува на Господа.

Многу мистичари низ вековите имале голема посветеност кон детството на Исус и Марија. Свети Павле од Крстот е еден од нив. Од детството на Исус и Марија тој добивал двојна инспирација. Првата и подлабока е онаа од божественото рождество кое се остварува во секоја душа преку верата и молитвата.

Таа е добро затворена во нејзината внатрешност – пишува свети Павле од Крстот – со најдлабокото познавање на нејзиното ништожност, која во оваа форма во нејзиниот дух се прославува божественото рождество на божественото Слово, овоплотено во тишината на ноќта на верата и на светата љубов“ (Писма, II, 297).

Другата инспирација е онаа од духовното детство, кое секој од нас треба да го живее според Евангелието: „За да го направиме ова и да имаме влез во Пресветото Срце на нашата голема Царица и Мајка девојче, неопходно е таа да стане дете со детската едноставност, со вистинската понизност и со ништожноста на срцето“ (Писма, I, 320).

Пасионисти/З.А.

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот