Загрижен за проблемите со кои се соочува денешното семејство и големата љубов кон таа основна клетка на општеството, папата Фрањо молитвената накана за месец јуни ја посветува за семејствата, која ја упати преку видео снимка објавена на Папската светска молитвена мрежа.
Семејството треба да биде заштитено – со таа мисла започнува повикот на папата Фрањо во месец јули да се моли за семејствата кои денес во свето се соочуваат со бројни опасности, брз ритам на живот и стрес. Денешните семејства имаат многу проблеми, затоа не случајно папата Фрањо, во видеото на шпански јазик, ги спомнува прашањата поврзани со секојдневниот заеднички живот, како и тоа родителите да не заборават да си играат со своите деца.
Црквата треба да ги охрабрува и да биде со семејствата, помагајќи им да ги откријат патиштата кои ќе им помогнат да ги надминат сите тешкотии. Да молиме за денешните семејства да бидат пропратени со љубов, почит и совети, а посебно пак да бидат заштитени од државата – стои во пораката на Папата.
Ватикан њуз/к.мк