Вечно проклетство е трајната оддалеченост од Бог

Вечно проклетство е трајната оддалеченост од Бог

Изборот за оддалеченост од Бог е вечно проклетство – рече Папата во проповедта на светата Литургија во капелата на домот Света Марта на 25 ноември 2016 година.

Папата истакна дека никогаш не треба да разговараме со ѓаволот, заводникот и измамникот, туку со понизно срце на последниот суд треба да бидеме поблиску до средбата со Господ.

Ѓаволот заводник, го уништува животот, со него никогаш не треба да се разговара

Во овие последни денови од литургиската година Црквата ги завршува со размислување за свршетокот на светот, а Светиот Отец за тоа говореше коментирајќи го читањето од Книгата Откровение на свети Иван. Каков ќе биде последниот суд, конечната средба со Исус? Прв ќе биде суден „змевот, древната змија, која што е ѓаволот,“ на кој ангелот – слегнат од небото – го фрла во бездната и го заклучи „да не ги лаже веќе народите, затоа што е заводник“ – истакна папата Фрањо.

Сатаната е повеќе од лажливец, татко на лагата, раѓа лага, измамник е. Те уверува дека ќе бидеш како Бог, ако ја изедеш јаболката. Така ти ја продава, а ти ја купуваш и на крајот те измамува, заведува, го уништува животот. Што треба да направиме за ѓаволот да нѐ не измами? Исус нѐ учи: со ѓаволот никогаш не треба да започнуваме разговор, со сатаната не се разговара. Како Исус постапувал со ѓаволот? Го истерува, го прашал како се вика, но со него не разговарал – рече Папата додавајќи:

Ниту во пустината со него не разговара со свои зборови, затоа што бил свесен за опасноста. Во одговорите ѓаволот се брани со Божјото Слово, зборови од Светото Писмо. Никогаш не треба да се води дијалог со тој лажго, измамник која ја бара нашата пропаст и кој заради тоа ќе биде фрлен во бездната – истакна Светиот Отец, додавајќи дека во делот од Откровението се појавуваат душите на мачениците „понизни“ кои го сведочеле Исуса Христа, а не го почитувале ѓаволот и неговите следбеници „парите, световноста, празнината“, давајќи живот за тоа – рече Папата.

Вечно проклетство е оддалеченоста од Бог, не сала за мачење

Господ според делата нивни ќе им суди „големи и мали“ пишува во Откровението, а осудените ќе бидат фрлени во „огнено езеро“, а тоа е втората смрт. Во Царството Божјо нема да влезат оние кои се оддалечиле од Господ, кој оделе по својот пат. Се оддалечуваат од Господ, поминуваат покрај него и сами се оддалечуваат. Вечно проклетство е постојаното оддалечување од Господ. Проклетство е вечната оддалеченост од Бог кој дава среќа, кој ревно нѐ љуби, тоа е „оган“, пат на вечното проклетство – повтори Папата.

Понизното отворање на срцето за Исус да даде спасение

Ако „своето срце го отвориме“ како што сака Исус, а не одиме по својот пат ќе ја имаме „радоста на спасението“, „ново небо и нова земја“ за што говори првото читање. Папата повика со доверба да се препуштиме на Исус да нѐ „помилува и да ни прости“. Надежта го отвора срцето за средба со Исус. Нѐ чека средба со Исус. Тоа е убаво, многу убаво! А Тој од нас бара да бидеме понизни и да говориме: „Господи“. Доволен е тој збор, а останатото Тој ќе го направи – заврши папата Фрањо.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести, Проповеди

За авторот