Венецуелската полиција му се заканува на претседателот на Епископската конференција

Венецуелската полиција му се заканува на претседателот на Епископската конференција

Претставниците на црквата во Венецуела се изложени на закани од безбедносните сили заради предупредувањата за страдањата на жртвите од катастрофите во пресрет на изборите.

Агенцијата КНА пренесува извештаи на локалните медиуми, според кои претседателот на Епископската конференција на Венецуела, надбискупот на Валенсија Хесус Гонзалес де Зарате Салас, добил закани за физичко насилство од полицијата во областа Куманако. Закани добија и волонтерите на Каритас.

Од надбискупот Гонзалес и соработниците на Каритас било побарано да ја напуштат областа. На ова верниците реагирале со огорченост, многу од нив на социјалните мрежи се солидаризираа со црковните претставници.

Црквата застана во одбрана на жртвите од катастрофалните одрони во Куманако и организираше помош. Опозицијата во Венецуела тврди дека социјалистичката влада предводена од претседателот Николас Мадуро ги крие размерите на катастрофата пред претседателските избори. Според непотврдени информации, десетици луѓе биле затрупани во одрони предизвикани од обилните дождови, а многумина останале без покрив над главата.

Венецуела со години се наоѓа во тешка економска криза, што се рефлектира и со проблеми со снабдувањето. Комисијата за човекови права на Обединетите нации пријави сериозни прекршувања на човековите права, како што се ликвидација без судење, тортура и потиснување на опозицијата. Меѓународниот суд на правдата во Хаг започна истрага против владата на Мадуро поради сомневање за злосторства против човештвото. Таа, пак, ги отфрла овие обвинувања, тврдејќи дека се работи за политичка кампања. Во изминатите десет години земјата ја напуштиле околу осум милиони луѓе, што е четвртина од населението.

Ика/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот