Да се сака Исус е да се сака воскресението, да се верува во Исус е да се верува во воскресението, да се надева на Исус е да се надева на воскресението. Воскресението е само прашање на прифаќањето на зборот, тоа прифаќање кое сѐ се одвива во љубовта. Би можеле да речеме дека воскресението е само едно прашање на љубов: не одговара на на ниеден процес, ниту на егзегетски ниту на интелектуален процес во толкувањето на Светото Писмо.
Свето заедништво се верниците собрани во црквата затоа што веруваат во Христос дека е помеѓу нив, дека Тој е Живиот засекогаш, Тој е Победникот над смртта, онаа смрт која делува во секој од нас, но која Победникот на смртта ја поразил засекогаш. Секој еден на друг си рековиме дека Христос воскресна, не само затоа што веруваме туку затоа што го искусуваме. Еден на друг си рековме дека Христос воскресна, затоа што чувствуваме дека доколку во нас има љубов е затоа што Тој ни ја подарил, бидејќи Тој не учи како да ја живееме едни со други. (…)
Од Светото Писмо откриваме дека Божјата љубов е посилна од смртта (сп. Песни над Песните 8,6) и дека во полнотата на времето Бог, за да ни ја покаже оваа вистина, сакаше да стане еден од нас: Бог стана човек и Исус од Назарет е овој човек кој е роден како нас, растеше, живееше, умре; но Тој човек беше живиот Бог и вистински човек во историјата. Така овие денови се потсетуваме дека Христовата смрт не беше неговата последна реалност: таа беше само завршетокот на неговото постоење како човек овде на земјата, она постоење кое Бог сакаше да живее овде за да може да и зададе смрт на смртта и на нас луѓето да ни го отвори својот сопствен живот, божествениот и вечен живот. (…)
За да го разбереме сето ова откровение, треба навистина да бидеме темелно навлезени во Исусовиот живот, треба добро да ја запознаеме неговата љубов со сакање: да, и тогаш, тогаш навистина ќе го познаваме Исус. Би се осмелил да кажам исто така: тогаш го познаваме воскресението. Во Црквата Свети Спас во Цариград на една фреска каде е насликано Воскресението е напишано: “He anástasis Iesoûs Christós” Внимание: Тоа не значи „Воскресение на Исус Христос“, туку „Исус Христос е Воскресението“. Затоа ние христијаните би можеле да речеме дека, како Исус Христос е Евангелието и Евангелието е Исус Христос, така Воскресението за нас е само Исус Христос и Исус Христос е Воскресението. Еве зошто да се сака Исус е исто што и да се сака Воскресението, да се верува во Исус е да се верува во Воскресението, да се надева на Исус е да се надева на Воскресението. Воскресението е само прашање на прифаќање на зборот, тоа прифаќање кое сѐ се одвива во љубовта. Би можеле да речеме дека воскресението е само едно прашање на љубов: не одговара на ниеден процес, ниту на егзегетски ниту на интелектуален процес во толкувањето на Светото Писмо.
Во велигденскиот антифон се пее: „Surrexit sicut dixit! Alleluja!“ – „Воскресна како што рече! Алилуја!“, додека во еден средновековен ракопис постои една друга варијанта каде можеби додека се препишувал било направена грешка. Таму пишува: „Surrexit sicut dilexit!“ – „Воскресна како што сакаше“ а не „како што рече“. Би можело да се каже: „Воскресна како што сакаше“, или „Воскресна, бидејќи сакаше“. Во евангелието според Лука стојат зборовите упатени од Исус до жената: „Ѝ се простуваат многу гревови, бидејќи многу Ме возљуби“. Но би можело да речеме дека ќе воскресне бидејќи многу сакаше. Воскресението засекогаш е впишана во љубовта, и не може да се каже зборот љубов без да се каже воскресение.
На старите народи и се допаѓало да велат éros-thanatos, љубов и смрт. За нас христијаните можно е само да кажеме: љубов и воскресение, затоа што љубовта е посилна од смртта, и љубовта за нас е воскресение. Ова е нашата христијанска вера: зависи од едно откровение, од Словото Божјо, кое ние го прифаќаме заменувајќи го Господ едноставно со љубовта. Ако тој „Воскресна како што рече“, секој од нас ќе воскресне како што Тој сакаше“.
Енцо Биjанки/З.А.