Велигденска честитка до бискупот Стојанов од Богопосветените лица

Велигденска честитка до бискупот Стојанов од Богопосветените лица

По повод Велигден, на 31 март 2018 во просториите на бискупската резиденција Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, монс. д-р Киро Стојанов ги прими богопосветените лица од Скопје.

Заедно со богопосветените лица од Скопје присуствуваа и о. д-р Дубравко Туралија, свештеник од Врхобосанската надбискупија и богословот Јосиф, студент на КБФ во Сараево.

Овогодинешната честитка ја искажа скопскиот парох дон Давор Топиќ кој се наврати на актуелната ситуација низ призма на младите, а во светло на неодамнешната предсинодална средба на младите со папата Фрањо во Рим. ,,Со политичката криза во која Македонија продолжува да живее, гледаме навлегување на идеологијата како лепра на новата доба.“ Ратифицирана е Истанбулската конвенција која со својата содржина оди против семејството, бракот, народот. Исто така сведоци сме на иселувањето, особено на младите и сакаме да се запрашаме каде сме, што да правиме? Пред се со нас е секогаш она искуство на Црквата, оној мир на Воскреснатиот кој им го дава на неговите, бидејќи ја победил нивната смрт. Носени со таа сила сакаме да бидеме и глас на вистината во ова општество и во ова место. Мислам дека нашиот одговор за сета оваа криза е да бидеме што поблиски со Исус. Бог е секогаш новост, средбата со него е секогаш нешто ново, нешто што носи радост. Бог е оној кој секогаш обновува, бидејќи Бог е млад. Тоа е и насловот на најновата книга која  во оваа пригода му беше поклонета на бискупот.

Во зборовите на бискупот како знак на благодарност за упатената честитка одекнуваат зборовите на Воскреснатиот ,,Не плашете се“, како и повикот до сите присутни заедно да навлеземе во Велигденското таинство. ,,Силата на верата која секој ден е повикана да го каже своето ДА на Бог.“ Во милосрдниот однос на верата на која Бог одговара се остварува средба. Со самото тоа што Бог е вечен и во Него нема минато, ниту иднина, туку постојана сегашност, кога се јавува нашата вера во Божјото слово, Бог одговара со милост и тој настан го остварува. Значи не станува збор за спомен, туку за настан кој се остварува преку силата на Божјата милост од негова страна и нашата вера од другата страна. Повикани сме ,,да бидеме сведоци на Воскресението… а тоа не го можеме ниту со зборови, ниту со човечките вештини без вера и живеење на таа вистина” , ги охрабри бискупот присутните.

Потоа следеше размена на дарови, песна, дружење  и заедничка фотографија.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот