Свеченото поставување на божиќните јаслите и осветлувањето на божиќното дрво на плоштадот Свети Петар ќе се одржи на 7 декември 2017 година, со кратка свеченост во 16.30 часот.
Традиционалната поставка така ќе остане до ноќта 7 јануари следната година, кога се слави празникот Крштение Господово со кое завршува божиќното време во црковната година – стои во соопштението до Управата на државата-град Ватикан.
Овогодинешните јасли се дар од античката опатија Монтевергин, во италијанската покраина Кампанија. Тоа уметничко дело остварено во стилот на старата традиција на Неапол од XVIII век, ќе биде поставено на простор од околу 80 квадратни метри, а во висина ќе се воздигне до седум метри – стои во соопштението. Ќе биде инспирирано од дела на милосрдието, а ќе го претставуваат 20 ликови високи околу два метри, направени од разнобојна теракота, со кристални очи и облека од ткаенина.
Со јаслите ќе биде поставено традицинално монументално божиќно дрвце, кое што ова година ќе го подари полската надбискупија Елк. Тоа ќе биде црвена елка висока 28 метри, и во најширокиот дел нејзиниот опсег ќе биде 10 метри. За да пристигне до Рим, ќе помине повеќе од 2000 километри. Украсите ќе ги направат децата од онколошкото одделение од неколку италијански болници. Во четврток, на 7 декември, папата Фрањо ќе ја прими во аудиенција делегацијата од Полска, од покраината Кампанија, и преставници на малите уметници.
РВ/к.мк