Ватиканските службеници даруваа од своите плати за погодените од пандемијата

Ватиканските службеници даруваа од своите плати за погодените од пандемијата

Апостолскиот управител на милостината, кардинал Конрад Крајевски за CNA информира за одѕивот на неговиот повик до ватиканските службеници со парични прилози да искажат солидарност со жртвите од пандемијата со коронавирусот, објавено е на 13 мај 2020 година.

На 6 април 2020 година кардинал Крајевски ги повика приближно 250 најблиски соработници на папата Фрањо со дарување од својата месечна плата да искажат солидарност кон лицата погодени од пандемијата.

После нешто повеќе од месец дена кардиналот информира дека одѕивот бил одличен и дека се надминати неговите очекувања. Некои службеници ја дарувале својата месечна плата, а некои дарувале дури и милостина во висина од примања а два месеца

Кардиналот е изненаден од прилозите од оние од кои не побарал, а меѓу нив истакна една група полицајци. Тоа е одговор од срце, затоа што тоа беше посебен момент: Стресната седмица во време на коронавирусот – рече кардиналот.

Кардинал Крајевски информираше дека паричните средства ќе бидат поделени на оние во потреба во разни краеви од светот. Еден дел е искористен за донација во Романија, како и за респиратори испратени во Замбија, објави CNA.

CNA/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот