Гледаме како многу луѓе закачуваат бројаници на ретровизорите во нивните автомобили, а некои пак ги носат околу вратот. Дали тоа е во ред?
Најпрво, дозволете ми да дадам едноставен одговор и да го кажам своето мислење дека ваквата пракса е добра. Сите ние имаме забележано како Бројаници се закачени на ретровизорите од автомобилите, а тоа најверојатно е така затоа што тие луѓе се побожни и го сакаат нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. За нив, верувам дека тоа е начин со кој сакаат на сите да им ја покажат нивната љубов кон Богородица. Мислам дека истото би можело да се каже и за оние кои носат Бројаница околу вратот. Лично мислам дека ако некој одлучи на овој начин да ја користи Бројаницата, најверојатно тоа го прави од посветеност и љубов кон Богородица. Претпоставувам дека ваквото истакнување на Бројаницата е слично како и носењето крст или закачување на некоја икона во нашите простории.
Сепак мислам дека мора да се каже дека Бројаницата пред сѐ е средство за молитва. И сметам дека е една од наједноставните, но и истовремено една од најубавите молитви кои ние христијаните ги упатуваме до Пресвета Богородица. Наместо да објаснувам за Бројаницата дозволете ми да ви цитирам само неколку цитати од она што имаат кажано некои светци за Бројаницата.
„Бројаницата е најдрага молитва на Марија. Најсакана е помеѓу светците, најчеста меѓу народот, најпотврдена е од Господ со дивни чуда, збогатена од Марија со најголеми ветувања“ – блажен Бартол Лонго.
Свети Фрањо Салешки рекол дека најдобар начин на молитва е всушност Бројаницата.
„Бројаницата е камшикување на ѓаволот“ – папа Адријан VI.
„Бројаницата е збир на целото Евангелие“ – папа Павле VI.
„Колку ли е само убаво семејството кое моли света бројаница секоја вечер“ – папа Иван Павле II.
к.мк